Економија 14.05.2018 10:59

Владата на Заев утре повторно планира да се задолжи за нови 16,2 милиони евра- Државата тоне во долгови

Владата на Заев утре повторно планира да се задолжи за нови 16,2 милиони евра- Државата тоне во долгови

 

Задолжувањата не престануваат од кога новата влада дојде на власт. Имено, Министерството за финансии утре има закажано аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.000.000.000 денари или огромни 16, 2 милиони евра.

Само пред повеќе од една недела владата овој месец владата се задолжи за 9 милиони евра а ова е второ задолжување овој месец.  Контрадикторно е тоа што владата на чело со СДСМ и премиерот Зоран Заев беа големи противници на задолжувањата пред да дојдат на власт пред неполна година  додека сега секој месец има закажано по две задолжувања.

Експертите алармираат дека ваквиот начин на задолжувања кои не продуцираат капитални проекти кои се од стратешки интерес на државата се опасни  по долгорочната стабилност на земјата како економски така и од секој можен аспект.

Вкупните задолжувања од кога владата е седната на владејачката гарнитура надминуваат 1,6 милијарди и секојдневно растат.  Додатно состојбата во економијата е и онака алармантна.

Исто така цените на мало во април годинава се зголемени за 3% во однос на април лани, додека пак вкупните трошоци за живот се зголемени за 1.4%.

Понатаму , психолошката граница на јавниот долг од 5 милијарди евра е помината. Граѓаните се во страв и паника за сопствената иднина и иднината на своите деца.

Економистите и познавачите сметаат дека задолжувања кои не резултираат со капитални инвестиции се опасни и на товар на идните генерации кои ќе мораат да ги враќаат овие пари со големи камати