Актуелно 08.02.2019 18:51

Владата одвои милион и двесте илјади евра од државниот буџет за осудените во случајот „Сопот“

Владата одвои милион и двесте илјади евра од државниот буџет за осудените во случајот „Сопот“

Со 1.200.000 евра државата ќе ги обештети осудените во судскиот предмет Сопот. 6-темина осудени во следниот период ќе добијат по околу 200 илијади евра.

Владата на вчерашната седница одлучи да ги обештети со 5500 денари за секој ден поминат во притвор или затвор, откако СЈО во март минатата година се откажа од понатамошно кривично гонење.

Во исто време, државата ќе им ги надомести трошоците за судската постапка во висина која ќе ја утврди судот.