Актуелно 12.10.2018 20:11

Владимир Нелоски: Албанците и младите луѓе во земјава му кажаа НЕ на Заев

Владимир Нелоски: Албанците и младите луѓе во земјава му кажаа НЕ на Заев

Премиерот Зоран Заев го глуби тлото под нозе, смета Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, младите луѓе во земјава се тие кои ќе му го покажат местото на Заев и ќе го испратат во историјата, вели Нелоски во интервјуто за Република.

Референдумот заврши, победа прогласија и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Сега главна тема на разговор е двотретинското мнозинство кое му е потребно на СДСМ за уставни промени кои ќе овозможат спроведување на Договорот со Грција. Велјановски посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат уставните измени, а од друга страна пак се зборува за купени пратеници од вашата партија кои ќе гласаат за уставните измени. Кој е следниот чекор на ВМРО-ДПМНЕ?

НЕЛОСКИ: Би се осврнал прво на 30 септември, односно референдумот кој што се оддржа. Без разлика што и ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме свој став за референдумот, и СДСМ како владејачка партија има, она што е важно е дека во средата одлуката на ДИК излезе во Службен весник. Нивната одлука е дека референдумот е неуспешен, односно не се излезени потребните 50 + 1% за било која одлука да биде успешна или пак неуспешна.
Во однос на шпекулациите на нашите пратеници сакам да ги демантирам, јавно да дадам поддршка на сите наши пратеници да останат на браникот на државните интереси. Како што и веќе во средата дел од пратениците на Комисијата се изјаснија, а претходно и голем дел од другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе ја послушаат волјата на народот и нема да гласаат за уставните измени кои се со цел спроведување на договорот од Преспа. Така што во претстојниот период што престои како ВМРО-ДПМНЕ, нашиот став е дека треба да се остане на истото гледиште нако и граѓаните, затоа што 1 200 000 граѓани се изјаснија дека не го поддржуваат референдумот и овој договор. Ние како партија треба да останеме на иста линија со тие граѓани.

Дали ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори? Изборните штабови веќе се формираат, но имате и барања – 100 дена техничка влада, нов јавен обвинител и анкетна комисија за референдумот. Заев не ги прифаќа овие барања. Има ли простор за отстапки доколку се распишат изборите?

НЕЛОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија секогаш е подготвена за избори и веќе на последниот ИК го изгласавме генералниот секретар за претседател на регионалниот изборен штаб, почнати се подготовките за избор на општински изборни штабови, но она коешто е многу важно за претстојните парламентарни избори, доколку ги има, е тие да бидат регуларни. Оние барања кои ги доставивме како ВМРО-ДПМНЕ се основите за тие избори да бидат регуларно. Најпрвин техничка влада која што ќе се осигура преку министртите во МВР и Труд и социјална политика, потоа во Земјоделие и Информатичко општество. Да се осигураме тие избори да бидат фер и демократски. Тоа да биде во рамките на 100 дена. Потоа да се формира анкетна комисија која ќе ги испита случувањата на денот на референдумот. Без разлика што СДСМ сака да направи некоја димна завеса дека референдумот поминал во најдобар ред, ние имаме низа на недоследности кои ни укажуваат дека голем број на гласови се злоупотребени. Има повеќе гласачки места каде има невидена брзина на гласање. Се гласало за 4,5 секунди, 10 секунди. Тоа е физички невозможно. Потоа има многу места каде што имало притсоци врз набљудувачите присутни на изборните места. Биле заклучувани во простории, имало закани по нивните животи. Во Куманово пак, во едно изборно место има различен број на гласачки ливчиња во гласачката кутија од избирачи кои се запишале дека гласале. Комисијата тоа треба да го испита и да спречи истото да се повтори на изборите доколку ги има. И на крај избор на ноов јавно обвинителство кој на вистински начин ќе го сузбие криминалот и република Македонија и за време на изборите, и по изборите да биде општество каде нема да може луѓе со калашникови да шетаат по улиците на главниот град, каде што нема да може пајташите блиски до власта да прават што сакаат, да се закнуваат, каде на днеот на изборите нема да имаме како на денот на референдумот повици да се излегува да се гласа, да се бришат статуси, коментари и содржини на фејсбук и да се погрижи по завршувањето на изборите, како што тоа беше случај по референдумот, да нема рефаншизам кон оние луѓе со поинаков став од владејачкото мнозинство. Да не заборавиме, на 1октомври, еден ден по референдумот беа врачени голем број на откази на луѓе кои не излегле да гласаат или јавно го искажале својот став дека не ги поддржуваат уставните измени. Така што., тие се вредностите на владата во моментот, а за жал, тие вредности нема да не однесат во ЕУ.

Целото интервју погледнете го во продолжение: