Актуелно 04.08.2018 09:51

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања9

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања9

Зоран Заев и СДСМ продолжуваат со своето расипничко и недомаќинско владеење. Зоран Заев и СДСМ продолжуваат економски да ја пустошат Македонија, а општиот грабеж да го покриваат со капитулантски договори кои значат менување на името, историјата, традицијата и културата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДСМ во изминативе 3 месеци, односно во вториот квартал, повторно го зголеми јавниот и државниот долг. СДСМ јавниот долг за само 3 месеци го зголеми за 54 милиони евра или поточно за 580.645 евра дневно, додека државниот долг се зголеми за 29 милиони евра или 311.827 евра дневно. СДСМ и Зоран Заев не планираат да застанат со погубното задолжување. Во вторник се планира ново задолжување на граѓаните на Република Македонија за нови 32.5 милиони евра. Ова што го прави СДСМ е национална катастрофа. Речиси пола мандат им помина во задолжувања а немаат реализирано ниту еден проект што ќе им донесе бенефит на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека економијата доживува колапс и БДП е само 0,1% и е најнизок раст во регионот и во Европа.

-Градежништвото е во ужасна состојба додека стопанството одамна е во клиничка смрт. Земјоделците мака мачат да ги продадат своите производи, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај.  Јавноста не виде ниту еден километар од најавените 600 за автопатишта, а нема ниту нови болници и амбуланти. Нема ниту повисоки субвенции за земјоделците. Пензионерите се излажани за повисоки пензии, а ја нема ниту најавената просечна плата од 500 евра.  СДСМ безмилосно ги лажеше граѓаните и не остварија ништо од она што го ветуваа пред изборите. Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Драган Тевдовски и останатите откако седнаа во фотелјите направија пустош. Си делат тендери, сомнителни бизниси и грантови на фирми блиски до нивните семејства и на партиските донатори. Ништо друго не ги интересира освен својот џеб. Ова однесување мора да престане, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се откаже од намерите предвидени од фискалната стратегија со која што државниот и јавниот долг би отишле над 50% од БДП. Правната држава и правосудството еден ден ќе се вратат на вистинскиот пат. Сите оние кои во овој момент работат сомнително ќе одговараат пред лицето на правдата. Македонија и граѓаните на крајот ќе победат, стои во партиското соопштение