СДС изгубени во времето и просторот. Тешката економска состојба и пустошот којшто го оставија за седумгодишното владеење, не се средува за осум месеци, се наведува во реакцијата на соопштението на СДСМ.
„Но тоа што можеше да се поправи за толку кратко време веќе средено. Како на пример запрен е слободниот пад на економијата која што беше вртоглав како последица на лошите економски политики на СДС.
Откако се запре слободниот пад се премина на заживување на економијата, така што во третиот квартал се забележа раст на БДП од 3%, а исто таков раст или дури повисок се очекува и во четвртиот.
Развојот на економијата и растот на БДП ќе продолжи и годинава а тоа го потврдува и Народна банка која предвидува раст од 3,3 отсто.
Благодарение на соодветните економски политики коишто Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги презема успеа да ја намачи и инфлацијата на ниво од 3.5%, која што во време на владеење на СДС беше двоцифрена.
Посветеноста и напорната работа на владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од премиерот Мицкоски веќе дава резултати и со самото преземање на одговорноста да ја води државата премина на реализирање на стратегиите осмислени за време на опозиција.
Како никогаш до сега минатата година ја завршивме со историски најмногу странски инвестиции кои се очекува да бидат околу милијарда евра кои ќе го зголемат бројот на вработени.
За само некој месец на чело на Владата, ВМРО-ДПМНЕ зголеми плати и пензии кои ќе продолжат да растат и во текот на годинава, па се до крај на четири годишниот мандат.
Активно се преземаа мерки за намалување на цените на прехранбените производи, така што, само за време на последната новогодишна мерка, се намалија цените на над 1000 производи. А, СДС се тие коишто ги зголемија цените зголемувајќи го ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%.
СДС исто така не треба да заборави на сиромаштијата која ја предизвика за време на нивното владеење, така што за време на нивното владеење над пола милион граѓани беа на прагот на сиромаштија кои денот го поминуваа со по 150 денари на ден“, потенцираат во реакцијата.
Додека СДС на власт работеше за богатење на нивната елита, делејќи им тендери во четири очи, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да овозможи подобар и одржлив животен стандард за сите граѓани преку раст и развој на економијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.