Протестниот марш е дел од најавеното жешко лето на ВМРО-ДПМНЕ. Струмица е местото од каде потекнува актуелниот премиер Зоран Заев. Праксата на лошо владеење овде трае 13 години. Сега пресликана од локално на национално ниво. Тој политикантски модел се води од лични и партиски интереси. Неуспешните преговори и потпишаниот договор резултираа со катастрофа на националните интереси. Премиерот лично ја води реформата на правосудниот систем додека во Република македонија се крши Уставот, се донесуват порачани судски одлуки партиски мотивиран прогон. Видовме какви интриги користат органите задолжени да обезбедат ред и поредок. Немањето идеа како да се управува економијата го води стопанството кон крах, ова пред почетокот на протестот денеска во Стримица го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека на сите одржани средби граѓаните од регионов го изразуваат незадоволството и очајот.
-Ги бараат ветените 500 евра плата, ги нема ниту ветените 100.000 плата на лекарите младите се иселуват од земјава, додека нашиот регион директно е загрозен од неспособната политика за земјоделието. Затоа ги повикуваме граѓаните од Струмица и регионот да ни се придружат и заедно да ја поразиме оваа ненародна власт, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.