Актуелно 23.11.2018 13:46

ВМРО-ДПМНЕ: „Југохром“ е најголемата лага на власта

ВМРО-ДПМНЕ: „Југохром“ е најголемата лага на власта

СДСМ две години нема преземено ништо против загадувањето на воздухот. Нивото на канцерогени ПМ10 честички во воздухот е неколкукратно над дозволеното, а власта мува не ја лази, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ во новата година ќе потроши 7 милиони евра за луксузни возила и мебел, наместо истите да ги потроши на мерки за подобрување на животната средина. Градовите низ државата почнувајќи со Скопје се соочуваат со големи купишта на смет насекаде, затоа што комуналните претпријатија не си ја работат работата. Веќе неколку месеци мерните станици во неколку скопски општини не работат, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека наместо мерки против загадувањето СДСМ предлага мерки против граѓаните од сиромашните и средните слоеви.

-„Југохром“ е најголемата лага на власта. Две години 1.200 работници се предмет на манипулација на СДСМ и уште ништо не е преземено, само лаги и голи манипулации. СДСМ ветуваа брзо решавање на проблемот со загаден воздух, а сега веќе две години ништо не презема. Токму затоа треба да си замине од власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.