На седницата на Извршниот Комитет разговаравме за две точки. Првата точка е актуелната економска и политичка ситуација во Република Македонија каде што ги констатиравме сите оние промашувања од страна на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Подетално ќе разговараме на седницата на Централниот Комитет на партијата, но исто така го утврдивме и гантограмот на активности кој што ќе следува во периодот, а тој се однесува на избор практично на претседателски кандидат кој што ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, кој што треба да кулминира со, се разбира изборна конвенција која што ќе се одржи на 16 февруари 2019 година, ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Практично денеска донесовме заклучок на седницата на Извршниот Комитет кој што подоцна ќе биде презентиран пред Централниот Комитет и од кој што ќе бараме поддршка, а тоа е дека најдоцна до 11 јануари 2019 година ќе биде објавен оглас на кој што согласно законот ќе можат сите граѓани на Република Македонија да поднесат кандидатура, оние граѓани кои ќе ја очекуваат и бараат поддршката на ВМРО-ДПМЕН на следните претседателски избори. Огласот ќе трае десетина дена, потоа ќе се констатира листата на пријавени кандидати кои што ќе ја бараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за следните претседателски избори, а потоа во рок од 15 дена, но не подоцна од 10 февруари ќе трае нивното образлагање на визијата како иден претседател на Република Македонија за политиките кои што ќе ги водат во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ средби со граѓани и така натаму, а потоа на 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат односно кандидатот кој ќе ја добие подршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, на избори кои што имајќи ја во предвид актуелната политичка ситуација во државата но и новите политики кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира во периодот кој што следи очекуваме сериозна победа и победа која што ќе ја отпочне победата на следните предвремени парламентарни избори во Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, додава Мицкоски.