ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставки од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и од директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски во врска со грантот доделен од Фондот во висина од 160.000 евра за „Каст Инвест“.
Партискиот портпарол ја обвини владејачката партија за нелегални тендери и донации, во време кое како што рече, целата јавност е фокусирана на прашањата околу името на Република Македонија, референдумот и договорот со Грција.
– Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било “чест и задоволство и голема радост” што фондот за иновации делел 10,5 милиони евра!. Па како нема да му биде кога на фирма во која што како сопственик тој фигурира негова компанија се доделуваат 160 000 евра”, рече Арсовски.
Тој го цитираше законот за спречување на судир за јавни интереси и Кривичниот законик, наведувајќи дека јасно и прецизно била предвидена казна затвор за сите оние кои го прекршуваат Законот за судир на интереси.
Арсовски го побика Јавното обвинителство да поведе постапка против Анѓушев и Деспотовски во врска со грнатот.