Актуелно 01.03.2019 11:33

ВМРО-ДПМНЕ: Преку 500.000 луѓе не можат да се прехранат, а Заев ги убедува дека во Македонија тече мед и млеко

ВМРО-ДПМНЕ: Преку 500.000 луѓе не можат да се прехранат, а Заев ги убедува дека во Македонија тече мед и млеко

Инвестиции има само во приватните компании на Зоран Заев и картелот околу него кој енормно се богати. Додека тие се фалат со измислени работи, граѓаните стануваат се посиромашни и погладни, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Преку 500.000 луѓе не можат да се прехранат, а Заев ги убедува дека во Македонија тече мед и млеко. Минатата година се реализирани 405 милиони евра како реинвестирана добивка на веќе постоечки претпријатија, кои се инвеститори во ТИРЗ, што е резултат на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото. Вистинската вредност на СДИ е само 219 милиони евра или 2.1% од БДП, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека вистинското ниво на странските директни инвестиции во 2018-та година е за 4 пати помало од истите во 2008 година.

-Од Бермуда и Бахами се влезени ни помалку ни повеќе 68 милиони евра како инвестиции. Кој пере пари и чии пари се перат во Македонија како наводни инвестиции? Раст од кога СДСМ е на власт нема, затоа е време да си одат во историјата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.