Актуелно 25.02.2025 09:28

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка

СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија ниту пак стратегија како за сопствената партија така и за државата. Безидејноста на СДС и Филипче е до тој степен што се свртена кон политиките на Левица, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Венко Филипче не се оградуваат од ставовите на нивниот гласноговорник Сашо Ордановски. СДС и Филипче не се оградуваат од апологетот Ордановски кој смета дека Трамп е криминалец и е контра Трамп и Америка, соопшти партијата.

-СДС и Филипче ги поддржуваат ставовите на мегафонот Ордановски. СДС и Филипче се против унапредување и развој на односите со стратешките партнери на Македонија како што е САД, потенцитаа до ВМРО-ДПМНЕ.

Секоја меѓународна активност во насока за развој на Македонија, мегафоните на СДС и Филипче како Ордановски малициозно се обидуваат да ја омаловажат, стои во соопшението.

Додека СДС и Филипче се заглавени во сопствените лавиринти и тонат се подлабоко во политичкото мочуриште, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски има јасна цел, визија и стратегија за економски развој и унапредување на односите со стратешките партнери на Македонија како САД, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.