-Излажаа дека имаат решение и итни мерки за чист воздух, а две години ништо не презедоа. Наместо да го решаваат проблемот со загадувањето играат игрички, спијат на седници и се расфрлаат со нови ветувања за решение дури после наредните две години. Мерките на СДСМ ги видовме по тоа што половина од мерните станици не работат, четвртина од новите автобуси не возат, а наместо да ги поправат тие ги вратија старите автобуси на улиците. И додека се расфрлаат со лаги и око не им трепнува, граѓаните со респираторни заболувања ги наполнија клиниките како последица од енормно загадениот воздух, стои во соопштението.
Од партијата наведуваат дека граѓаните повеќе не ја трпат неспособноста и незаинтересираноста на власта. Лагите на СДСМ повеќе не поминуваат кај народот кој ќе ги казни за сите црнила кои и ги нанесуваат на Македонија.