Актуелно 17.08.2018 11:14

ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден пораз за владата, земјоделието тоне, продажбата на земјоделските производи намалена за 4.4%

ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден пораз за владата, земјоделието тоне, продажбата на земјоделските производи намалена за 4.4%

Уште еден пораз за владата. Уште еден податок дека земјоделието тоне, откупот и продажбата на земјоделските производи намалена за 4.4%., соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека според податоците на ДЗ за статистика во второто тромесечје од 2018 г. откупот и продажбата на земјоделските производи се намалени за 4.4% во однос на истиот период од предходната година.

-Намалувањето на откупот и продажбата е забележано кај житата (пченица,пченка,ориз), градинарските растенија, фуражните растенија, риба, млечните производи. Согласно информациите кои стигаат од терен потврдуваат дека третото тромесечје ке биде со уште полоши резултати. Додека откупот и продажбата се намалуваат, а трошоците за производство се зголемуваат  доаѓаме до заклучок дека земјоделците работат за џабе. Во јули 2018 во однос на истиот период од предходната година ,трошоците за производтсво на земјоделски производи  се зголемени за 9.0%, што значи имаме повисоки трошоци за 4.4%, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека цените на тековно потрошени средства во земјоделството во јули се пораснати за 9.6%, а средствата наменети за инвестиции во земјоделството за 1.1%.

-Растот на трошоците од 8.0% се бележи и во месец јуни. Откупот и продажбата опаѓаат, а трошоците растат. Со вакви политики кои резултираат со вакви показатели неминовен е заклучокот дека земјоделството во Република Македонија станува недоходовна гранка. Владата нема ресено ниту еден проблем во земјоделието. Главните активности им се намалување на субвенции и кршење на службени автомобили. Толку од иднината која нуди СДСМ. Владата и Николовски на земјоделците им донесоа очај, апатија и сиромаштија, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести