Актуелно 10.09.2018 23:28

ВМРО-ДПМНЕ Велес со прашање до Спасовски: До кога локалните шерифи ќе можат да прават што сакаат во градот?

ВМРО-ДПМНЕ Велес со прашање до Спасовски: До кога локалните шерифи ќе можат да прават што сакаат во градот?

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес го прашуваат министерот за внатрешни работи на Република Македонија дали има контрола во Велес?

-Министре Спасовски до кога локалните шерифи ќе можат да прават што сакаат во градот? Додека директорот на БЈБ го користеше службениот џип за викенд излети во Грција, началникот на СВР Велес во стилот на Градоначалникот на Демир Хисар се заканува на вработена во МВР при вршење на службена должност само затоа што се обидела да легитимира негов пријател. Министре, ова се случуваше во центарот на Велес пред очите на многубројни граѓани. Министре Спасовски дали ова треба да се толерира?, прашуваат од таму.

Тие велат дека ова ги надминува сите граници. Од таму порачуваат дека ваквиот начин на дејствување и односот кој го прокламира лицето кое треба да го штити Законот не наведува на тоа дека вие господа од власта очигледно сте спремни на се!

-Овие лица бесрамно ќе треба да ги штитат граѓаните на престојниот референдум. Министре Спасовски доколку не превземете веднаш мерки против истиот и не го расчистите настанот со право ќе сметаме дека престојниот референдум ќе го оставите на оние со сомнителни досиеа а ваквите испади само ќе ги поддржат прекршителите на Законите да продолжат со своите напади кон полициските службеници. И за крај, дали против лицето кое беше споменато со иницијали во пост на социјалните мрежи е поднесена пријава и доколку не, зошто не е поднесена пријава за омаловажување на полициски службеник? Прашуваме кого штити началникот на СВР Велес? Своите вработени кои си ги вршат своите должности професионално или локалните шерифи кои во него гледаат сојузник само затоа што го имаат за пријател и треба да бидат заштитени и над Законот? Ја повикуваме и Внатрешната контрола во МВР со соопштение да ја запознае јавноста за превземените мерки.

Најнови вести