За тоа колку СДСМ се грижи за земјоделието говори фактот што откако се на власт Македонија има пад во земјоделскиот сектор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ДЗС потврди дека земјава во 2018 година споредено со 2017 година бележи пад од 5% во земјоделието, а во 2017 година во однос на 2016 година од 13,5%. Исто така податоците на ДЗС говорат и дека извозот во 2018 година споредено со 2017 година е намален за 3,7%, а увозот зголемен за 1,1%. Податоците на ДЗС потврдуваат дека откако е СДСМ на власт земјоделците се помалку се во можност да ги обработуваат своите ниви и едвај преживаат, а државата станува увозно зависна, се наведува во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека тоа е резултат на негрижата на СДСМ за земјоделието.
-Ветувањата за загарантиран откуп, пласман и нови пазари останаа само мртво слово на хартија. Земјоделските производи наместо на пазарите завршуваат на буниште. СДСМ направи пустош во македонското земјоделие, го потцени трудот на земјоделците и го погази нивното достоинство. Земјоделците заслужуваат подобро, токму затоа потребно е СДСМ веднаш да си замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ.