Зоран Заев се фали со она од кое граѓаните се срамат. Граѓаните се понижени со договорот од Преспа, а Заев се гордее. Граѓаните се срамат од постапките на Заев и се понижени, а тој се гордее, затоа што ја понижи државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев е главен предводник на политичкиот прогон. Во Република Македонија правната држава е деградирана и тоа е директна вина на Заев и СДСМ. Заев најави дека оваа година повторно ќе удира врз сиромашните. Ограничување на сообраќајот во центарот на градовите е удар за сиромашните кои немаат скапи коли, кои нема да можат да се движат низ центрите ма градовите. Власта нема капитални проекти, тоа го потврди и Заев, тој незнаејќи што да каже се фали дека власта крпи дупки и чисти кесиња од автопатот. Заев јавно потврди дека оваа власт нема ниту еден проект, па мора да се фали дека чисти ќесиња и крши дупки, нешто што е редовна надлежност на властите, се наведува во реакцијата на партијата.
Од партијата порачуваат дека гасификацијата со која се фали Заев е проект на ВМРО-ДПМНЕ, а не на СДСМ како што сака да се фали Заев, исто е и со автопатот Штип – Миладиновци и други проекти со кој се фалеше.
-Заев без срам зборуваше за непотизмот, а синовите на пратеничките Мира Дизел и Милева Ѓорѓиева не си дадоа отказ, не си даде отказ ни ќерката на пратеничката Лалчевска, ниту сопругата на пратеникот Сашко Костов. Откази нема од најголемиот број вработени роднини на функционери. Заев го знае ова, но манипулира. Зоран Заев вечерва покажа зошто не треба да биде премиер на Република Македонија. СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.