Економија 28.09.2018 11:34

Во Грција сега може да се повлече готовина без ограничувања

Во Грција сега може да се повлече готовина без ограничувања

Од следната недела Грција ги отстранува ограничувањата при повлекување на готовина кои беа наметнати во 2015-та година, кога земјата ризикуваше да испадне од еврозоната, соопшти Министерството за финансии.

„Сите форми на повлекување готовински пари од институциите во Грција се дозволени без ограничувања од 1-ви октомври“, се вели во соопштението од Министерството.

Сепак, останува ограничувањето на износите пренесени во странство, иако лимитот е зголемен на 10.000 евра од 3.000 евра, како што во моментов стои.

Компаниите исто така ќе можат да направат трансфери од 100.000 евра по трансакција, не како што досега беше од 40.000 евра.

Мерките за контрола на капиталот, кои првично го ограничија повлекувањето на 420 евра неделно, беа воведени во јули 2015-та година за да се избегне колапс на банките.

Ограничувањата постепено се намалија со подобрувањето на економската ситуација во Грција, а Грците во моментов може да повлечат до 5.000 евра во рок од еден месец.