Економија 17.07.2018 14:01

Во кеш ќе може да се плаќа само до 2.000 евра

Во кеш ќе може да се плаќа само до 2.000 евра

Од 7 јули годинава се забранува плаќање во готовина на стоки и услуги во износ над 2.000 евра во денарска противвредност. Претходниот праг за плаќање во готовина беше 15.000 евра. Овие измени се дел од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам објавени неодамна во “Службен весник”.
Законските измени предвидуваат сите еднократни плаќања, да мора да се прават преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Почнувајќи од 1 јануари 2019 година износот за кој се забранува плаќања за стоки и услуги со готовина ќе се намали на 1.000 евра, додека од 1 јуни 2019 година тој износ ќе се намали дополнително на 500 евра во денарска противвредност.Оваа забрана важи за плаќањата кои ги прават и физичките, но и за правните лица.