Живот 31.07.2018 15:12

Во Македонија ќе започне продажба на несогорлив тутун

Во Македонија ќе започне продажба на несогорлив тутун

Производите од несогорлив тутун како поим се регулираат во новиот предлог Закон за тутун и тутунски производи, така што ќе им биде достапен и на македонските граѓани, кои веќе го користат, ама го набавуваат од соседните земји, од Бугарија, Србија или Грција, каде продажбата веќе беше регулирана.

Според акцизите во соседството, овој производ е најевтин во Србија, односно чини помалку од две евра, додека овој тип „цигари“ се поскапи во Грција, но не е мал бројот на пушачи од земјава кои ги купуваат и оттаму.