Економија 09.08.2018 11:47

Во Македонија, покрај класичниот, влегуваат и други тутунски производи, но колку ќе се плаќа акциза за истите?

Во Македонија, покрај класичниот, влегуваат и други тутунски производи, но колку ќе се плаќа акциза за истите?

Наскоро во Македонија ќе се продава тутун за водено луле (за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање и несогорлив тутунски производ.

Но, според новото законско решение, ќе се плаќаат акцизи и за овие производи кои не се класични наменети за стандардни цигари.

Законот за акцизи веќе е објавен, а акцизите се различни и ќе се зголемуваат секоја година.