Актуелно 09.12.2018 23:10

Во обид да се смири со „жолтите елеци“: Макрон утре ќе се сретне со синдикалците

Во обид да се смири со „жолтите елеци“: Макрон утре ќе се сретне со синдикалците

Францускиот претседател Емануел Maкрон утре ќе се сретне со претставници на синдикати, здруженија на работодавачи и локалните власти, по насилните протести против високите трошоци на живот, јавуваат француски медиуми повикувајќи се на извор близок до Елисејската палата.

Средбата ќе се одржи по насилните протести на движењето „Жолти елеци“ кои се одржуваат веќе четири викенди по ред. На протестите што се одржаа вчера ширум Франција учествуваа околу 136.000 демонстранти, а 1.700 беа уапсени.

„Претседателот сака да ги собере политичките, економските и социјалните сили во овие тешки времиња и да ги слушне нивните предлози и мислења и да ги вклучи во решавањето на ситуацијата“, вели истиот извор.

Според весникот „L’Opinion“ целта на средбата е Макрон да ги претстави мерките за кои претседателот подоцна во текот на денот ќе има обраќање до нацијата.