Актуелно 06.10.2018 18:56

Во Виница констатирани тешки повреди на референдумското гласање, објавен и записникот

Во Виница констатирани тешки повреди на референдумското гласање, објавен и записникот

Тешки прекршоци за време на гласањето утврдила изборната комисија во Виница, на денот на гласањето за референдумот, пренесува Експрес.мк, објавувајќи фотографија од записник на кој се констатирани повредите на изборите.

Според записникот, попишан од сите членови на избирачката комисија, недостасувале 8 избирачки ливчиња, односно секое 87-мо ливче од кочанот со ливчињата за гласање. За ваквата аномалија може да бидат возможни две опции. Системска грешка во избирачкиот список, или пак т.н. „бугарски воз“.

Ниту едното, ниту другото сценарио се уште не се утврдени, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколкупати обвини за полнење на кутии и фалсификување на околу 50.000 гласови на територија на целата Република.

За ова, од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа и 200 кривични пријави.