Синоќа на автопатот Гевгелија – Неготино кај клучка за Демир Капија, патничко моторно возило „Мицубиши“ со германски национални ознаки излетало од коловозот.
Возилото било управувано од 24-годишно лице со иницијали Џ.Н. од селото Арачиново-скопско, а со него превезувал 15 мигранти од Иран, Пакистан и Авганистан.
Во незгодата нема повредени лица, а Џ.Н. и мигрантите биле приведени за понатамошна постапка.