Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на планинските превои Стража и Плетвар, на Попова Шапка, Кула и на патниот правец Делчево – г.п. Делчево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража во 07.30 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.