Актуелно 22.11.2018 13:28

Вртоглаво расте рејтингот на Мицкоски: За 6 месеци има нови 90.000 симпатизери

Вртоглаво расте рејтингот на Мицкоски: За 6 месеци има нови 90.000 симпатизери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со вртоглав раст на рејтингот.

Математиката покажува дека тој станал омилен политичар за многу краток период, односно за само 6 месеци тој стекнал нови 90 илјади симпатизери.

Согласно последната анкета на институтот МЦМС објавена вчера на телевизија Телма рејтингот на лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија изнесува 7,4 % што споредбено со анкетата спроведена во мај годинава изнесува зголемување за 5 процентни поени.

Кога ќе се земе предвид дека избирачкиот список брои нешто над 1 милион и 800 илјади гласачи, 5 проценти, колку што е и зголемувањето на рејтингот на Мицкоски тогаш се доаѓа до бројката од 90 илјади нови симпатизери