Градот Скопје ги известува граѓаните дека во наредниот период ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, односно:
Авионската дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 06.08.2018 (понеделник), во раните утрински часови.
Терестричната дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 07.08.2018 (вторник), во текот на денот.
-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во соопштението на Град Скопје.