Актуелно 25.08.2018 13:36

Вучиќ и Тачи на средба со Могерини на 7 септември во Брисел

Вучиќ и Тачи на средба со Могерини на 7 септември во Брисел

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, ќе се состане во Брисел на 7 септември со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот претседател Хашим Тачи, како дел од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, во кој таа посредува.

На интернет страницата на Могерини, е соопштено дека високата претставничка на ЕУ ќе продолжи со разговорите со двајцата претседатели за договор за сеопфатна нормализација на односите, со цел постигнување конкретен напредок