Актуелно 20.11.2018 16:05

Вучиќ: Одговорноста за бегството на Груевски, владата нека го бара во својата земја не кај нас

Вучиќ: Одговорноста за бегството на Груевски, владата нека го бара во својата земја не кај нас

На 13.11, односно два дена подоцна по бегството на Груевски,  во 19:35 часот од страна на Интерпол Скопје доставува меѓународна потерница за именуваното лице. Значи, да го застанавме Никола Груевски, тоа би било киднапирање од наша страна. Тој на 14.11 по интерни претраги, меѓународната потерница е внесена во системот од страна Србија. Значи по 3 дена, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на телевизија „Хепи“.

Вучиќ дури при гостување луто запраша кого манипулираат? Бараат од Србија да притвораме лице кое за кое нема потрага ниту пак потерница, тоа го сакаа од Србија? Што сме ние, диво племе? Дива земја, да апсиме лица по кои нема ни потрага, дури ни меѓународна потерница. Наместо да се запрашате зошто е пуштен да замине од државата и зошто толку долго се чекало да се распише потерница. Ние се направивме во склоп на законот.

Вучиќ последен пат се слушнал со Груевски по немирите во Собрание кога го замолил да го повика македонскиот народ на мир и подоцна во врска за ЕПП и толку, иако во минатото повеќе контактирале.