Актуелно 09.03.2019 14:36

Вучиќ: Сиктер со таа хартија, бандо од Приштина

Вучиќ: Сиктер со таа хартија, бандо од Приштина

Мојот одговор до сите нив е таков – не знам колку ќе останам, бидејќи Харадинај ми се закани дека ќе ме собори од власта, некои наши политички противници убаво ги дочекуваат во Приштина, им помагаат на различни начини, можеби и ќе ме соборат но јас на тие услови никогаш нема да се согласам, порача Вучиќ.

Сега сиктер со таа хартија, бандо од Притшина, каде и да сакате и видете дали некој тоа ќе ви го исполни, Србија нема, кажа тој.

Српскиот претседател кажа дека пред шест месеци го предупредил Брисел дека нацрт платформата на Приштина е вовед во катастрофа на целиот Балкан, а дека Европската Унија го уверувала дека платформата нема да дојде на дневен ред, дека нема да ја изгласаат, а дека денес велат дека „немаат коментар“ за документот.

Ме прашуваат дали ме измамиле. Да, ме измамија, но пред сѐ себеси се измамија, кажа Вучиќ во Сремска Митровица и додаде: Но, не е Србија така мала и слаба како што мислат. Одговорот на барањата на Приштина е јасно „не“.

Вучиќ истакна дека во платформата пишува дека Србија мора да го признае Косово, и тоа веднаш.

И тоа не е доволно, бидејќи пишува дека ако тоа го направиме денес, во границите на денешно Косово, со тоа би се квалификувале еден ден тие да нѐ признаат и да ни простат некои наши гревови. Тоа е предусловот за тие да можат да ја признаат Србија, како да не сме држава, па ни дошло да нѐ признаат. Да не е тажно би било смешно, кажа српскиот претседател.