Финансии 31.05.2018 11:13

ВВ Тиквеш со раст на приходите за првото тромесечие од 2018

ВВ Тиквеш со раст на приходите за првото тромесечие од 2018
Selection of wine for tasting, copy space

Бруто добивката за првото тромесечие од 2018 година достигна 126 мил. денари, или раст од 17% во однос на истиот период од 2017 година.

Растот на бруто добивката е резултат на зголемените приходи од продажба. Вкупните приходи од продажба забележаа раст за 30%. Приходите од продажба на домашен пазар се зголемија за  23 мил. денари, односно за 13%, а приходите од продажба на странски пазари се се зголемија за  63 мил. денари, односно за 57%.

Оперативната добивка е на исто ниво како и минатата година.

Како резултат на пониските финансиски расходи, остварена е добивка од редовно работење од 23 мил. денари, што претставува зголемување за 5,5 мил. денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука