Актуелно 08.08.2018 12:34

За 11 дена завршува јавниот повик за купување земјоделско земјиште под оранжерии

За 11 дена завршува јавниот повик за купување земјоделско земјиште под оранжерии

Уште 11 дена трае јавниот повик за доставување понуди за интерес за купување земјоделско земјише во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата, како и стопанскиот двор во функција на оранжеријата, изјави шефот на кабинет во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на коешто се наоѓа оранжеријата, а коешто во моментов е во државна сопственост. Со повикот се овозможува купување и стекнување сопственост врз земјиштето, а со самото тоа и вложување во инвестиции, кредитирање, користење на ИПАРД-програмата. Со оглед на тоа дека оранжериското производство е извозно ориентирана гранка, инвестирањето во модернизирање и зголемување на производството е клучно за конкурентноста на оваа гранка.

Затоа до крајниот рок, кој истекува на 18 август, а тоа е следната сабота, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите сопственици на оранжерии кои се заинтересирани да го откупат земјиштето да го запазат рокот и да достават комплетна документација. Потенцираме, дека особено во документацијата е важно проценките за вредноста на земјиштето да бидат напревени од Бирото за судски вештачења
Ова е важно за Комисијата да постапи навреме и да има што поголем број прифатени понуди. Цената на земјиштето се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделско земјиште во државна сопствеост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство, којашто беше донесена крајот на јануари оваа година.
На јавниот повик може да аплицираат сите што имаат легализиран објект во функција на земјоделско производство. Ова е прв ваков јавен повик, до крајот на годината планирано е да се објават уште два јавни повици. На овој прв јавен повик, според проценката на МЗШВ се очекува да се достават околу 40 тина понуди, а договорите би се склучиле на почетокот на следниот месец.

Ова е првиот чекор за продажба на државно земјоделско земјиште, а во следниот период политиката на МЗШВ ќе биде насочена кон спроведување постапки за продажба на државно земјоделско земјиште под долгогодишни култури, особено на лозовите насади.