Јавното Сообраќајно Претпријатие соопшти дека по повод манифестацијата „Бела ноќ“, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот.
Бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот во сабота, до 6 часот во недела.
В сабота, по 14-ти пат ќе се одржи 24-часовната манифестација „Бела ноќ“. Ноќта помеѓу сабота и недела, граѓаните ќе може бесплатно да посетат бројни културни настани во главниот град.