Нашата земја за 50 години ќе може да го достигне стандардот на живеење како во Европската Унија.
Македонија и земјите од Западен Балкан имаат огромен проблем со корупцијата, бавни реформи, финансиска нестабилност и проблематична демографија. Ова го тврдат од Европската банка за обнова и развој. Регионот се соочува со низок степен на раст на бруто домашниот производ на годишно ниво, а во одредени земји тој или стагнира или бележи негативни стапки.
Еден од главните проблеми на Македонија е слабата компетитивност на економијата споредено со економиите од ЕУ.
Шансите на шесте земји од Западен Балкан во однос на членството во ЕУ, според овој извештај, се прилично мрачни, а меѓу бројните пречки, покрај „хроничната економска стагнација“, споменати се и постојаните билатерални спорови и етнички конфликти.
Земјите од регионот вообичаено се рангирани како најсиромашни, во однос на платите и потрошувачката.