Од болноќ нафтените деривати добија нова цена,
Регулаторна комисија реши тие да скокнат. Но за колку поскапува бензинот но и дизелот?
Веќе од денес на бензинските пумпи ширум државата резервоарите ќе ги полните со горива чии цени пораснаа.
Тоа значи дека оние кои возат автомобил на бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе г плаќаат за 72,50 ден/лит односно тој поскапува за 0,50 ден/лит а цената на супер 98 не трпи промени и останува да се точи за 74 денари.
Дизелашите ќе плаќаат 66,00 ден/лит. или 1,50 ден/лит повеќе од претходните две недели.
Поскапува и мазутот М-1 НС кој во следните две недели ќе чини 34,351 ден/кг. а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 54,50 ден/лит.