Финансии 19.09.2018 16:55

За намалување на трошоците, „Нокиа“ затвори 250 работни места

За намалување на трошоците, „Нокиа“ затвори 250 работни места

Од „Нокиа“ ја потврдиле информацијата за гасењето на работните места во рамки на глобалниот план на компанијата за намалување на трошоците, но не го соопштиле точниот број. Се очекува компанијата да затвори уште 250 работни места, пишува „Ројтерс“.

Се очекува „Нокиа“ да оствари годишна заштеда од 1,2 милијарди евра до крајот на годината, по аквизицијата на својот поранешен француско-американски ривал „Алкател-Луцента“ во 2016 година.

„Во рамки на програмата за штедење го намаливме бројот на вработени во Илиноис. Податоците за обемот на намалувањето и за сегашниот број на вработени во Илионис не се за објава“, рекле од компанијата.

„Нокиа“ на крајот на минатата година имаше околу 103 илјади вработени.