Финскиот производител на телекомуникациска опрема Nokia успеа да ги надмине прогнозите за четвртиот квартал за приходите и профитот, а во исто време прогнозира силна 2019 година, соопштува Ројтерс.
Од Nokia велат дека оперативната добивка се зголеми за 12 отсто годишно на 1,12 милијарди евра (1,29 милијарди долари) за четвртиот квартал. Овој резултат е далеку над очекувањата на аналитичарите за профит од 1,056 милијарди евра.
Компанијата предвидува заработка по акција во 2019 година помеѓу 0,25-0,29 евра по акција.
Индустријата за мрежна опрема, каде доминираат Nokia, шведската Ericsson и кинеската Huawei, страдаше во последните години од сериозното забавување на побарувачката, откако продажбата на 4G мрежите го достигна својот врв во средината на сегашната деценија.
Индустријата во моментов се подготвува за нов циклус на мрежни ажурирања, што се зголемува заедно со тендерите за изградба на 5G мрежи.
Во рамките на телеконференциски разговор со аналитичари, менаџерите појаснија дека во моментов има повеќе од 70 тестирања на 5G, а најмногу се тие во САД, најголемиот за Nokia пазар.
На крајот на декември, Nokia пушти на пазарот базни станици со кои се намалуваат јаглеродните емисии до 80%.
Во јануари, компанијата објави дека планира да отпушти околу 350 вработени во Финска како дел од својата програма за намалување на трошоците, која има за цел да и заштедат 700 милиони долари.