Актуелно 12.09.2018 18:50

,,За подобра Македонија“: Република Македонија се движи во целосно погрешен правец, а држвата се уназадува на секое поле

,,За подобра Македонија“: Република Македонија се движи во целосно погрешен правец, а држвата се уназадува на секое поле

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“.

Како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ на средбата се разговарало за актуелните политички случувања, капитулантскиот договор со Грција, престојниот референдум за промена на името и  корупциските афери и скандали на власта, односно масовниот грабеж кој се одвива зад сцената.

Додаваат дека на состанокот било посочено дека Република Македонија се движи во целосно погрешен правец, а држвата се уназадува на секое поле. Било заклучено дека власта е длабоко навлезена во крадење, криминални тендери и грантови, а корупциските скандали и афери, како и милионските суми кои завршуваат во џебовите на министрите и дирекорите се секојдневие.

-Коалициските партнери се согласија дека капитулантското дело наречено договор не може да ја надомести штета која владата на Заев и СДСМ ја нанесува државата. Коалцијата ,,За подобра Македонија’’ го потврди ставот дека не може да се согласи со капитулантскиот договор со кој се брише името, јазикот и идентитетот на државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Претседателот Мицкоски на коалициските партнери им го соопшти ставот на партијата кој се базира на достоинството и разумот на граѓаните, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Ниту СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ имаат право да им наложуваат на граѓаните како да постапат по едно вакво историско прашање од кое не зависи само иднината на сегашните, туку и на идните генерации. Само политичари кои се длабоко навлезени во криминал и кои знаат дека народот ги прочитал и очекува да си заминат би се плашеле од давање на доверба на граѓаните сами да одлучат. Само политичари со црни петна зад себе, кои не веруваат и го потценуваат народот, може да се сомневаат во неговиот капацитет.“

-На средбата беше истакнато дека Република Македонија се наоѓа во многу тешка и деликатна ситуација, пред се поради неодговорноста на политичари и луѓе водени од желбата за остварување на личен профит и комодитет, додека ги распродаваат државните и националните интереси. За крај сите се согласија дека државата има сила да го надмине и ова зло кое и се случува, олицетворено во владата на СДСМ и на крај Македонија ќе победи, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести