Актуелно 22.02.2019 13:01

„Заев и Дескоска мора да сносат одговорност за тепањето на Јанакиески и Ристоски во притвор“

„Заев и Дескоска мора да сносат одговорност за тепањето на Јанакиески и Ристоски во притвор“

Со оставката на Ѓоко Котевски не смее да се прикрива одговорноста на инспираторите и нарачателите. Зоран Заев и Рената Дескоска мора да сносат одговорност за тепањето на Јанакиески и Ристоски во притвор. Одговорност мора да има од Заев и Дескоска, а не истите да се вадат на одговорност само во пониските ешалони на власта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Тепањето на Јанакиески и Ристовски е акт на деспотизам кој не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е срам за демократијата. Срамно и недозволиво, властите не го спречија тепањето, туку синхронизирано се обидоа да ја манипулираат јавноста, дека истиот или не се случил и дека е незначителен.“

Од партијата додаваат дека СДСМ не смее да бега од одговорност, а чинот на тепање на затвореници е акт на незрело и недемократско уредување, кое за жал стана државата со Зоран Заев на чело на владата.

-ВМРО-ДПМНЕ го повикува Народниот правобранител и сите меѓународни претставници во земјата да го испитаат случајот и да спречат понатамошно кршење на човековите права. Заев и Дескоска не можат да се кријат зад пониските ешалони на власта, граѓаните очекуваат одговорност, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.