Актуелно 16.05.2018 10:33

Заев прифати ТВ-дуел со Мицкоски

Заев прифати ТВ-дуел со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев ја прифаќа поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за дуел на телевизија, потврдија за МИА од Владата.

– Отвореноста е еден од основните принципи според кои работи претседателот на Владата на Република Македионија Зоран Заев. Постојано комуницираме со јавноста на отворен и двонасочен начин, преку одговори и прашања, но и дебати и дуели. Така што премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски, бидејќи основа на демократијата е отвореноста и подготвеноста да се соочиш со политичките опоненти, изјави за МИА портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Мицкоски синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата го повика Заев да се соочат на телевизија и да дискутираат за преговорите за името.