Економија 25.06.2018 10:21

Започна изградбата на патот Ранковце – Крива Паланка

Започна изградбата на патот Ранковце – Крива Паланка

 

По драстичниот пад на градежништвото , Владата ја интензивира градежната офанзива. Започна изградбата на делницата Ранковце – Крива Паланка долга 23 километри.

Директорот на ЈП „Државни патишта“ Зоран Китанов, појасни дека се работи за пат чија изградба ќе биде доста сложена поради многубројните технички детали.

„Ќе содржи две коловозни ленти од 3,5 метри и две помошни ленти од 2,20 метри. Вкупната широчина ќе биде некаде 12,5 метри. Но, тој претставува само еден дел од проектен автопат кога во моментот ќе се јави потреба да се прошири за да стане автопат, многу лесно ќе биде бидејќи се проектира и се експропреира како автопат, вели директорот на ЈП „Државни патишта“ Зоран Китанов .

Ова е трета експресна делница која отпочна со изградба, а е дел од патниот коридор 8. За неа се одвоени 58 милиони евра, пари обезбедени од кредит од Светска банка.

„Во последните два месеци внесени во изградба се три експресни патишта и тоа Градско – Дреново, Ранковце – Крива Паланка и Штип – Радовиш. Станува збор за 80 километри патишта и некаде околу 130 милиони евра средства,истакна министерот Горан Сугарески . “

Паралелно тече и реконструкцијата на делниците Скопје – Тетово и Кичево – Охрид, а наскоро ќе биде објавен и тендерот за проширување на делницицата Гостивар –Тетово. Неодамна, министерот за транспорт најави дека вкупната сума за изградба и реахибилитација на сите патни правци од Коридорот 8 ќе надмине половина милијарда евра.