Економија 06.07.2018 12:03

Започнува трговската војна: САД воведе нови давачки за увоз од Кина

Започнува трговската војна: САД воведе нови давачки за увоз од Кина

Новите тарифи на САД за увоз на кинески производи стапи на сила денес, а од Пекинг велат дека тие ќе бидат принудени на контра-удар.

Во спорот на двете глобални економски суперсили, каде може да дојде до ескалација на настаните, претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека е подготвен.

Вашингтон ги зголеми царинските давачки на 34 милијарди долари за увоз од Кина во 12,01 часот по источно американско време, прв чекор што може да доведе до верижна реакција и да забрза серија нови тарифи, јавува АП.

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека ќе биде принудено да го преземе потребниот контра-напад, но не даде никакви детали. Меѓутоа, Пекинг претходно објави листа на американски стоки кои ќе бидат предмет на одмазда, што вклучува, меѓу другото, соја, електрични автомобили и виски.

Во четвртокот, Трамп разговараше со новинарите за трговската војна.

Во таа прилика, претседателот на САД објави дополнителни американски тарифи за увоз од Кина во вредност од 16 милијарди долари, што ќе се воведе за две недели.

Американската агенција вели дека по тој анимозитет непријателството може дополнително да се заостри, и дека Трамп изјави дека САД се подготвени да воведат дополнителни 200 милијарди долари на кинескиот увоз, а потоа уште 300 милијарди.