Лилјана Затуроска, пратеник од редови на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“, при заседавање на седница за пратенички прашања рече дека кога се работи за одговор кој што е даден колку да биде даден, а во кој не наоѓате навистина ниту тронка искреност за заложба од човек кој што седи на министерското столче како министер за труд и социјална политика, а кој беше толку многу силен во предизборната кампања и ветуваше токму во овој дел кој што јас го поставувам прашањето дека ќе ги реши проблемите поврзани со недостигот на места за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст е далеку од задоволувачки.
-И кога немате план и немате стратегија како и на кој начин да ги решите овие проблеми со кои што се соочуваат граѓаните за немање простор да ги згрижат своите деца најлесно е да вината да ја префрлите на некој друг, во случај како она што го прави министерката Царовска во моментот вината ја префрлува на локалната самоуправа, нагласи Затуроска.
Затуроска потсети дека за жал во програмата на СДСМ министерката го немаше тоа напоменато дека проблемите ќе ги префрлува едноставно на други и други треба да ги решаваат.