Актуелно 20.12.2018 20:13

Затуроска: Со буџетот за 2019 година граѓаните во Република Македонија не можат да бидат сигурни

Затуроска: Со буџетот за 2019 година граѓаните во Република Македонија не можат да бидат сигурни

Лилјана Затуроска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, при заседавање на седница во Собрание на Република Македонија реплицираше на еден од пратениците на СДСМ, имено сакале да кажат дека буџетот нуди стабилност и безбедност и дека истиот главно бил фокусиран на граѓаните. И тоа излагање е апсолутно неточно.

-Бидејќи еден ваков буџет каков што го имаме денес пред нас истиот можеме да го окарактеризираме само со две карактеристики и тоа прво дека буџетот за 2019 година е неразвоен и второ дека буџетот за 2019 година не кореспондира или несоодвествува со реалната ситуација во која што Република Македонија се наоѓа, појасни Затуроска.

Овие две карактеристики се доволен показател за граѓаните во Република Македонија да знаат дека во 2019 година не можат да бидат сигурни со ваков буџет. А, најмалку можат да бидат безбедни, нагласи Затуроска.