Ако го земам ова законско решение кое што се носи во еден предизборен период и никако поинаку не можам да го окарактеризирам освен дека се носи со една цел, со една намера за да може владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ да можат да освојат или да ги задоволат апетитите и симпатиите кај оние граѓани за да можат да добијат глас повеќе, смета пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска, откако владејачкото мнозинство по скратена постапка го донесе Законот за јавни претпријатија.
Според нејзе ова е надвор од сите предизборни ветување на владата на СДСМ каде што ветуваа дека нема да се трошат парите на граѓаните, туку напротив домаќински и транспарентно ќе работата.
Затуровска додаде дека СДСМ ветувале департизација и професионализација на институциите но сега од позиција на власт на низок и дрзок начин во една исклучително тешка економска ситуација врши партизација на институциите.
-Вие ветувавте департизација на институциите и навистина е многу дрско, ниско и подло на ваков начин да ги изманипулирате граѓаните кога имаме една исклучително сензитивна економска ситуација во државата, а вие секој месец како што знаете постојано и постојано ги задолжувате граѓаните и прагот на задолжување ја поминува црвената линија, нагласи Затуровска.
Затуровска потенцираше дека СДСМ со законот за јавни претпријатија ќе потроши 2 милиони евра годишно за вработување на заменици директори на јавните претпријатија наместо тие средства да ги вложат за продуктивни работи кои ќе бидат во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Пратеничката побара да и се објасни како и на кој начин и според кои критериуми ќе се бираат директорите, бидејќи во понуденото законско решение не е добро кажано, обвинувајќи го владејачкото мнозинство дека не се транспарентни пред граѓаните како што ветувале во минатото.