Компании 17.01.2021 02:47

Затворени над 6.000 фирми во Македонија во ек на пандемијата

Затворени над 6.000 фирми во Македонија во ек на пандемијата

Над 17 илјади лица останале без работа поради Ковид кризата, покажуваат податоците на АВРМ. Од почетокот на пандемијата пак до сега регистрорани се близу 50 илјади невработени. Над 6.200 фирми ставиле клуч на врата минатата година.

Ваквите бројки за бизнисот се загрижувачки. Се надеваат дека земјава наскоро ќе добие вакцина и бројот на новозаразени ќе продолжи да паѓа. Во спротивно велат ако ваквата состојба потрае не се сигурни дека владата ќе може и натаму да ги помага, фирмите ќе продожат да згаснуваат, а бројката на невработени ќе расте.

За да се спречи бранот на отпуштања велат дека не се доволни само субвенциите на минималната плата, неопходни се и даночни олеснувања.

Споед податоците на Централен регистар од  6.200 фирми кои лани се затвориле, најголем дел се поради службена должност односно поради неактивност, 500 отишле во стечај, а 1200 се ликвидирани по барање на самите сопственици.

Од пандемијата најмногу страдаа угостителите и туристичките работници. Но штета претрпеа и други бизниси, главно помалите, поради што на многу места може да се забележат редица од дуќани на чии излози е испишано дека се затворени.

Во меѓувреме Владата го подготвува новиот петти по ред пакет помош за стопанството и граѓаните.