Мухамед Зекири, пратеник и висок функционер од редовите на СДСМ, гостуваше во емисијата на 1ТВ каде што говореше дека ДУИ е многу алергичен кога ќе се напомене дека некој нивен има вмешано во кривични дела.
Зекири посочи дека Ахмети сака да релативизира.
-Не сака да влева масло во огнот очигледно сака да ја спушти топката, но проблемите се евидентни во однос на разликите на што ги има СДСМ и ДУИ за одредени работи. Самиот факт што од ДУИ се вознемирија толку откако министерката за труд и социјална политика го објави скандалот, покажува дека не им е сеедно. Тие се многу алергични кога ќе се спомне правдата и правната држава и кога ќе се спомне дека е можно да се вмешани нивни функционери во такви случаи, појасни Зекири.