Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот говор на протестниот марш во Велес се осврна и на проблемите со кои се соочуваат земјоделците во државата:
„Удрија и на земјоделците. Ги лажеа, викаа и урлаа ширум Македонија, кога ќе дошле они само да си отишол режимот, ќе дошле они и ќе има загарантиран откуп на земјоделските производите и загарантиран пласман. Не само што тоа не се случи туку гледаме како на буниште се истура родот на земјоделците кој што со мака е направен. Гледаме каде завршуваат и јаболките и сливите и пченицата, и бостанот и зелките, на буниште.“
Тој рече дека поради оваа лага и токму поради оваа манипулација граѓаните и земјоделците ќе им го покажат вистинското место на следните избори, а тоа е на темната страна на историјата и право на буниште, од првиот Зоран Заев до последниот, а тоа е министерот за земјоделие.
„И кога ќе бидат немоќни во спроведувањето на тоа што го ветиле и кога некој од страна ќе ги искритикува, тогаш следен чекор е кој ајде да го бркаме човекот кој што ги критикува од работа. Сакам една масовна поддршка од овде од овој протест да упатиме сите заеднички до членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, кој од пред некој ден заработи отказ зошто, затоа што надвор од работно време ги критикувал политиките на оној министер Николовски кој што има единствена цел во животот, а тоа е како да му се допадне на неговиот ментор, аболираниот политичар Зоран Заев. Затоа еден огромен аплауз за Цветан во знак на поддршка.“, дополни Мицкоски.