Мозаик 13.08.2018 17:28

Жени кои го променија светот

Француската научничкка со полско потекло Марија Кири се најде на правото место на листата на „Сто жени што го променија светот“, што ја изготви британскиот магазин „Хистори“ врз основа на гласовите на неговите читатели. 

Marie Skłodowska Curie

Марија Кири родена Склодовска е прва во светот која доби две Нобелови награди – за физика во 1903 и за хемија во 1911 година.

Rosa Parks

На второто место на листата се најде американската активстка за човекови права Роза Паркс, која се прослави со одбивањето да му отстапи место на белец во автобус со што ја поттикна борбата за правата на црнците во САД, а на третото Емелин Панхерст, која се бореше за правото на глас на жените.

Emmeline Pankhurs

Четврта на листата е британската математичарка и пионерка на компјутерското програмирање Еда Лавлејс, пред нејзината сограѓанка Роселин Френклин, која е заслужна за дешифрирање на молекуларната структура на ДНК.

Ada Lovelace

Меѓу првите 20 на листата на „Сто жени што го променија светот“ се најдоа и поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, писателката Џејн Остин, принцезата Дајана, првата жена што го прелата Атлантскиот Океан, Амелија Ерхарт и мајка Тереза.

Rosalind Franklin