Според годинешниот извештај на Светскиот економски форум, жените и мажите ќе имаат еднакви плати и можности за напредување на работното место дури за 200 години.
Во извештајот се наведува дека јазот на економски можности – плати, учество и напредување на работното место – се намалил само за нијанса од истражувањето спроведено во 2017 година.
Жените сè уште заработуваат 20 проценти помалку од мажите како резултат на недоволните можност за напредување, се вели во извештајот.
Земјите со најголема економска еднаквост меѓу мажите и жените се Лаос и Барбадос, а САД е на 19. место.
Извештајот исто така ги мери родовите разлики во други области, како здравјето, образованието и политиката. Исланд се најде на првото место 10. година по ред, а военоразурнатиот Јемен беше последн.
Во политиката се забележува најголем јаз меѓу мажите и жените, се додава во извештајот.