Компании,Финансии 10.01.2019 18:56

Зголемен број на банкроти на компании најмногу има во Кина

Зголемен број на банкроти на компании најмногу има во Кина

Банкротите на компании значително се зголемија во целиот свет во 2018-та година, пишува „Фигаро“, повикувајќи се на студија на кредитниот осигурител „Euler Hermes“ во 43 земји, претставувајќи 83 проценти од светскиот БДП.

Ова особено нагло е зголемено во Кина со 60%, но е суштинско и во Западна Европа со 2 проценти.

Во целиот свет банкротите се зголемиле за 10 проценти, потврдувајќи го трендот кој започна во 2017-та година, по седумте последователни години на пад. Се очекува дека во 2019-та година банкротите да се зголемат за уште 6 отсто.

Авторите на студијата очекуваат економскиот раст постепено да стане недоволен за се поголем број компании поради производствените трошоци, рефинансирањето на трошоците и структурните предизвици.

Бизнисите страдаат од падот на побарувачката, но и од лесното финансирање со ниски каматни стапки во последниве години.

Во Велика Британија, каде што ситуацијата е комплицирана пореди „Brexit“, банкротите пораснале за 12 проценти во минатата година.

Во Кина оваа година се очекува бројката да се зголеми за уште 20 отсто, а во Западна Европа за уште 3 отсто.